Запленети 1053 стебла канабис од правно лице во гостиварско | ВИДЕО
На 04.10.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и полициски службеници од ОВР Гостивар во координација со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели, беше извршена вонредна контрола и претрес врз основа на наредба за претрес издадена од Основен суд Гостивар во правно лице во село Врапчиште, гостиварско, кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели. При влез во правното лице бил затекнат М.П (35) државјанин на Р.Албанија, кој извршувал работни задачи иако не е вработен во правното лице и истиот нема регулиран влез и престој во државата. По преземени мерки, во станот каде што престојувал, пронајдени се марихуана и шприц со хашиш смола.
Истиот ден М.П. со кривична пријава е предаден во ОЈО Гостивар. Поради постоење на сомнение дека правното лице има засадени растенија канабис на парцела за која нема добиено дозвола, за време на претресот било присутно вешто лице од областа на геодезија, кој по претходно издадена наредба од јавен обвинител од ОЈО Гостивар, извршил увид на лице место и обележување на граници на катастарски парцели. Согласно наодот и извештајот на вештото лице, утврдено е дека правното лице има насади на канабис растенија на парцела за која не поседува соодветна документација, односно не добило дозвола за садење на канабис растенија на наведената парцела.
По дадени насоки од ЈО на 07.10.2023 на наведената парцела е утврдено дека се посадени 1053 канабис растенија кои се одземени. По комплетирање на целокупната документација од страна на ОВР Гостивар до ОЈО Гостивар ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за правното и одговорното лице.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам