-->
-->
Запалено возилото на поранешниот началник на СВР Штип
-->
Повторно е запалено возило во Штип, овојпат на поранешниот началник на СВР, Боби Гидиоски. Возилото е опожарено на улицата „Ванчо Китанов“ на паркингот пред станбената зграда, а во Полициската станица во Штип настанот бил пријавен во пет минути по полноќ.
Возилото „фолксваген голф“ со штипски регистерски ознаки било сопственост на ќерката на Гидиоски, но тој бил корисник на истото. Во Штип ова е второ запалено возио за само три дена, или четврто за помалку од два месеци. Во октомври беше запалено и возилото на управителот на регионалната М-Нет телевизија, потоа гореше автомобил во населба Балканска, а пред два дена опожарено беше возило на улица „Сремски фронт“ во Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од петок цело Скопје без вода
-
Денеска нова цена на струјата
-
Германија го враќа центарот за поправка на украинска опрема од Словачка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога
-
Во Тирана уапсени дилери на дрога кои работеле како новинари
-
Студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег
-
МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци
-
МВР со детали за акцијата во Арачиново, пронајдено оружје и муниција