Свет
3. јуни 2025 - 19:47

Обновен сообраќајот на Кримскиот мост

Сообраќајот на Кримскиот мост е обновен, соопштија руските власти.

Патничкиот сообраќај на Кримскиот мост, кој беше привремено прекинат во 15:23 часот по московско време поради информации за активност на непријателски сили во близина на брегот на Крим, е повторно воспоставен, се вели во соопштение на властите објавено на Телеграм.

Ова беше второ привремено запирање на сообраќајот на мостот за денеска. Тас јави дека првиот прекин траел од 06:07 часот до 09:12 часот.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) претходно соопшти дека го нападнала мостот со подводни експлозиви.