Заменик портпаролот на Белата куќа поднесе оставка поради сексизам и закани кон новинарка
Заменик портпаролот на Белата куќа, Ти Џеј Дакло поднесе оставка откако беше суспендиран поради сексизам и закани кон новинарка, која му постави прашања за неговиот приватен живот.
Новинарката Тари Палмери од порталот Политико истражуваше за врската на Дакло со друга новинарка, а тој ја обвини дека е љубоморна и и се закани дека ќе и ја уништи кариерата.
Дакло претходно беше суспендиран на една недела без плата.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки изјави дека одлуката е донесена со поддршка на шефот на кабинет Рон Клајн.
– Секојдневно се обидуваме да ги исполниме стандардите поставени од претседателот постапувајќи кон другите со достоинство и почитување, посочи Псаки.
Тоа е прва оставла на член од новата американска администрација, на помалку од еден месец од стапување на должност на претседателот Џо Бајден.
Ново на Сител
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата