Замена на Словенечкиот контингент полицајци на македонско-грчката граница
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов и словенечкиот амбасадор Милан Јазбец денеска во ПТЦ „Винојуг“ во Гевгелија присуствуваа на замената на Словенечкиот контингент полицајци кои на колегите од Македонија им помагаат во справувањето со бегалската криза и обезбедувањето на границата со Грција.
- Република Македонија е исклучително задоволна од соработката со Словенија, особено во областа на внатрешните работи, помошта која Словенија ни ја дава во поглед на спречување на мигрантите и справување со мигрантската криза. Секако, значајно е од политички и безбедносен аспект што Словенија ги разбира проблемите со кои се соочува Македонија со мигрантите затоа што тие имаат влијание и на состојбите во Словенија како членка на ЕУ. Ние и понатаму во оваа област ќе останеме посветени на соработката со сите земји членки на ЕУ, посебно со Република Словенија, изјави Андонов.
Амбасадорот Јазбец истакна дека ова е десетти по ред полициски контингент од Словенија кој доаѓа на помош на колегите од Македонија и дека огромно е искуството што нивните полицајци го стекнале на македонско-грчката граница.
- Македонија одигра клучна улога во регулирањето, справувањето и стопирањето на мигрантската криза низ „балканскиот пат“ поради што залужува честитки, пофалби и конкретна помош во олеснување на нејзиниот пат и придружување кон евроатлантските структури. Ние ќе и ги пренесеме на Македонија нашите искуства од причина што билатералната соработка со Македонија е одлична и претставува редок пример во тој поглед. Словенија ќе продолжи да и помага на Македонија и ќе им биде пример и на другите земји како да го прават тоа, истакна Јазбец.
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори