Македонија
1. May 2024 - 16:31

Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови

На една недела до вториот круг на претседателски избори, албанските политички партии калкулираат каде ќе завршат околу 200 илјади гласови кои ги добија Османи и Таравари.

За ДУИ и европскиот фронт фокусот сега бил ставен на парламентарните избори, за нив победата за претседателските била јасна. Иако не откриваат дали гласовите ќе завршат на конто на Пендаровски, како се уште актуелни коалициони партнери во владата. Допрва партиските органи ќе одлучувале како ќе ги насочат избирачите.

Меџити од  коалицијата „Вреди“ пак вели дека никој не побарал гласовите за вториот круг да ги насочат на контото на канидидатката на ВМРО ДПМНЕ Силјановска Дафкова. Одлуката ќе ја носеле сите лидери во коалицијата. Не ги отфрли информациите дека се водат разговори тој да биде министер за внатрешни работи во влада со ВМРО ДПМНЕ.

Османи прогласи победа со над 40.000 гласови повеќе од Таравари и тоа како што посочи речиси во сите општини.Но од Вреди обвинуваат дека тоа не се албански гласови, туку на етничките заедници од коалицијата.