Заложничка драма во синагога во Тексас, четири лица киднапирани, киднаперот убиен
По шест часа преговори и специјална операција на полицијата, ноќеска заврши заложничката драма во синагогата на Коливил, предградие на Далас, каде едно лице киднапира четири лица.
-Киднаперот кој вчера ги зеде четворица заложници и ги затвори во синагогата е мртов, изјави началникот на локалната полиција Мајкл Милер, откако беше објавено дека сите преостанати заложници се ослободени и неповредени.
„Тимот за ослободување на заложниците ја нападна синагогата и киднаперот е мртов”, изјави Милер на прес-конференција.
„Молитвите ни се ислушани”, напиша Грег Абот на Твитер. „Сите заложници се ослободени, здрави и безбедни”, додаде тој.
Во синагогата имало четворица заложници, од кои едниот бил рабинот. Киднаперот наводно е брат на Пакистанка осудена за тероризам.
Шест часа по почетокот на кризата, прво беше ослободен еден од заложниците.
Полицијата преговараше со киднаперот во Коливил, Тексас, а за цело време заложничката драма се пренесуваше во живо, наведе локалниот весник „Star-Telegram” од Форт Ворт.
Полициското одделение од Колевил, претходно на Твитер јави дека спроведува специјална операција во блокот во кој се наоѓа Конгрегацијата „Бет Израел” и дека сите жители во непосредна близина ќе бидат евакуирани.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања