Законот за поништување на лустрацијата на Комисија за политички систем
Законот за поништување на лустрацијата денеска ќе биде разгледан од членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Владата на крајот декември минатата година го утврди текстот на Предлог на закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.
Со новото предложено решение, се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи, и согласно Предлог законот, за оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета.
Со овој Предлог закон се заокружува правната рамка како стратешка цел на реформата во правосудството во однос на обезбедување на независноста и непристрасноста и се пристапува кон реализација на стратешката насока за воспоставување на законска рамка за поништување на мерките и правните последици од процесот на лустрација.
За време на шестгодишното работење на Комисијата за лустрација за кодоши беа прогласени околу 200 лица.
Ново на Сител
-
Пропаднал и последниот обид за решение за пругата до Бугарија
-
Дали Балканот е под ризик од немирите на Блискиот Исток?
-
Девет жртви во израелскиот воздушен напад во центарот на Бејрут
-
Тројца загинати во сообраќајка пред Прилеп
-
Мицкоски: Очекував повеќе креативност од ДУИ
-
Tаравари: Ја испитуваме смртта на родилката во Куманово
-
Конференција за грижа на менталното здравје на младите
-
Преглед на вести од светот