Закани за бомби и до неколку локални самоуправи во Црна Гора
Закани за наводно поставени експлозивни направи утрово, покрај во училиштата, пристигнале и на адреса на неколку црногорски општини.
„Ги замолувам моите сограѓани да останат смирени, полицијата ќе си ја заврши работата и ќе ги евакуира луѓето од училиштата каде е примена заканата, како и од општинската зграда. Страшно е некој на овој начин да се заканува со човечки животи. Ќе останам во општинската зграда додека не се евакуира последниот вработен“, изјави претседателот на општина Никшиќ, Марко Ковачевиќ.
Портпаролот на општина Цетиње изјави дека општинската зграда е евакуирана, извршен е претрес и не се пронајдени експлозивни направи.
Основните училишта во речиси сите црногорски градови утринава беа евакуирани откако на електронските адреси на директорите пристигнаа анонимни дојави за бомби.
Ново на Сител
-
Задутре почнуваат новите правила за влез и излез од ЕУ
-
Се зголемува бројот на граѓани кои бараат психијатриска помош по трагедијата во Кочани
-
1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме – започна одбележувањето на 11 Октомври
-
Преглед на вестите од светот
-
Шаини: Мојата сопруга не е вмешана
-
Мицкоски: Историски инвестиции во општините
-
Филипче: Власта ги понижи лозарите
-
Ѓорѓиевски: Нов здравствен дом во Кисела Вода