Захариев: Орденот „Свети Никола“ годинава за кардиохиругот Жан Митрев

Орденот „Свети Никола“ годинава градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев ќе го додели на кардиохирургот Жан Митрев. Захариев денеска на прес-конференција истакна дека орденот и признанијата „Свети Никола“ ќе бидат доделени на свечена академија во соборниот храм „Свети Никола“ во недела на 18 декември.
-Орденот Свети Никола ќе го добие нашиот почитуван кардиохирур д-р Жан Митрев. Со своето дело и ангажман тој спаси илјадници животи, направи најмодерен кардиоцентар не само на Балканот, туку и во Европа и една таква личност која пораснала во нашиот град заслужува да го добие ова врвно одликување. Овен тоа, д-р Митрев подари четири куќи на Општината кои се наоѓаат во Ново Село и ние веќе работиме на проект за нивна обнова за што обезбедивме 50.000 евра, вели Захариев.
Тој истакна дека признанија ќе добијат и раководители на три државни институции и четворијца штипјани.
- Признанија ќе добијат директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на рурланиот развој Билјана Вуковиќ, со чија помош и пари реализиравме седум проекти низ руралните средини. Потоа директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов, затоа што околу Штип се градат важни патишта, а тие помогнаа и во уредување на влезовите во Штип, од Кочани, Скопје и околу Ново Село како и пред некој месец и од Карбинци кај Караорман. Третата институција е Агенцијата за млади и спорт, за директорот Марјан Спасески, оти благодарение на него направивме осум спортски терени, рече Захариев.
Признание „Свети Никола“ ќе добијат и новинарот Љупчо Шатевски, кој 30 години информира за градот Штип и како дописник на весникот „Дневник“ придонесе за промоција на градот и источниот регион, потоа универзитетскиот професор Борче Крстевски, поранешен проректор на универзитетот „Гоце Делчев“ и декан на Рударско-геолошкиот факултет. Признание ќе добијат и тројца вработени од Одделението за јавни набавки во Штип, Кире Јорданов, Александра Ангеловска и Никола Опашинов, кои како што рече Захариев само оваа година направија над 100 јавни набавки и овозможија постигнување на помала цена при тендерите со што општината заштеди пари за нови проекти.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
