-->
-->
Загреб: Киоск стар над 100 години ќе биде пренаменет во галерија
-->
Музејот на градот Загреб презеде киоск стар над 100 години со цел да го реновира, ревитализира и пренамени во мала галерија, објави порталот „Индекс“.
„Урбаната опрема е дел од животот на секој град, но премногу често се заборава кога се планира ревитализација на наследството. Меѓутоа, одвреме-навреме, сосем случајно, некое навидум мало наследство добива големо значење… Месната заедница има право да одлучува за наследството на својот град, поради што Градскиот музеј си постави задача да го ревитализира киоскот“, соопшти Музејот во главниот град на Хрватска.
По реновирањето, трафиката ќе служи како место за помали изложби и настани, но Музејот објави и покана до сите граѓани да предложат што би сакале да видат на ова „култно место“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
