Загаден воздухот во првата недела од ноември во Тетово
Мерењата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух за Тетово покажуваат загаден воздух во градот во првите седум денови од ноември. Среднодневните концентрации на ПМ10 се движат од 75 до 102 односно надминување на граничмата вредност од 50 ПМ 10 на метар кубен. Само вчера 6 ноември имало присуство на ПМ 10 под граничната вредност, односно 42.
Д-р Ратко Давидовски специјалист по здравствена екологија и хигиена од Центарот за јавно здравје во Тетово објаснува дека со интензивирање на грејната сезона ќе се зголемува загадувањето на воздухот во градот како и секоја година во овој период.
-Најглавна улога за загадувањето на воздухот има согорувањето на фосилните горива, односно огревното дрво. За Тетово втора причина е и сообраќајот. Сега приликите се такви што паѓаат и лисјата и ја немаме вегетацијата како одбранбен механизам. Имаме причини за загадување, огревни дрва и сообраќај, а ја немаме одбраната со лисјата, како прочистувач и модификатор на воздухот. Викендов имаше и врнежи од дожд па се намали во текот на ден недела параметрите за присуство на ПМ10, објаснува д-р Давидовски.
Тој смета дека поради општествено-економските состојби може да се очекува уште поголемо загадување на воздухот.
-Сега со високите цени на енергенсите и зголемување на сиромаштијата ќе се пали сè и сешто. За жал бројките ќе бидат и полоши. Како што ќе паѓаат температурите ќе се затоплуваат простории уште повеќе, па ќе се користи се што треба и не треба, ќе има зголемени концентрации на ПМ10, вели Давидовски.
За мерната станица во Тетово десет дена, од 21 до 31 октомври немаше објава на податоци на интернет страницата за квалитет на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во септември 2022 немаше денови со загаден воздух. Во ноември 2021 година имало 22 денови надминување на граничните вредности на ПМ10.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето