Македонија
16. November 2024 - 16:29

Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата

Нема да покажеме бело знаме и да се откажеме, ќе се бориме додека не излеземе како победници во блокадата на македонските интеграции, вели премиерот Христијан Мицкоски. Македонската позиција за уставни измени со одложено дејство е јасна и според него, за неа веќе слушнаа светските авторитети. Уверува дека тој и неговата влада се подготвени за суштински разговори за ЕУ перспектива на земјата.

Дали е можен некаков исчекор во следните месеци во комуникацијата со официјална Софија, Мицкоски вели дека не може да каже, но како што вели за танц се потребни двајца...

Ставот на владата од кој Мицкоски вели дека нема да отстапи ќе го претстави и на средби со европските претставници следниот месец во Брисел.

Шефот на македонската влада веќе порача дека ќе чека стабилна бугарска влада за повторно да стартува билатералниот дијалог за продолжуивање на македонските интеграции.