Заев телефонски разговараше со американскиот потпретседател Пенс
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, синоќа имаше телефонски разговор со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, соопшти денеска владината служба за информирање.
- Американскиот потпретседател ги поздрави процесите што ги започна новата Влада за демократија, слобода и правда во Република Македонија. Потпретседателот Пенс ги оцени чекорите на новата Влада на полето на добрососедските односи како меѓународни успеси. Потпретседателот Пенс изрази поддршка на Планот 3 – 6 – 9 што го усвои Владата за реализација на итните реформски приоритети. Исто така американскиот потпретседател пренесе поздрави до премиерот Заев, новата Влада и граѓаните на Македонија од претседателот на САД, Доналд Трамп и од американската администрација.
Премиерот Заев изрази благодарност за големата пријателска поддршка што ја има Република Македонија од Соединетите Американски Држави во сите важни процеси за државата, како и во остварувањето на стратешките цели, интеграција во НАТО и во ЕУ.
„Цврсто сме определени кон демократските вредности. На тој пат, силно сме инспирирани од САД, како вистински пример за држава којашто се темели на базичните демократски придобивки, слобода, демократија и правда“, рече премиерот Заев.
Претседателот на Владата, Заев констатираше дека членството на Црна Гора во НАТО е охрабрување за целиот регион и дека Република Македонија со силната посветеност кон реализацијата на потребните реформи, се надева дека ќе биде следната земја членка на Алијансата.
Разговорот помеѓу претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и потпретседателот на САД, Мајк Пенс, се одвиваше во искрена и пријателска атмосфера. И американскиот потпретседател Пенс и премиерот Заев изразија позитивни очекувања од престојната средба што треба да се случи на почеткот на август во Подгорица, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите