Заев: Сега е најдобриот момент да се изнајде решение за името
Мислам дека сега е најдобриот и неповторлив момент да се изнајде решение за долгогодишниот проблем за името, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на денешното рочиште за „Поткуп“.
- Очекувам најмалку на маргините на Самитот за Западен Балкан во Софија да се видам со грчкиот премиер Ципрас и да ги искоментираме досегашните постигнувања помеѓу двајцата министри, а можеби ќе бидеме и похрабри во нашата креатива не велам не, но во секој случај вредно е да се обидеме до самиот крај. Јас давам шанса на процесот, истакна Заев.
Тој посочи дека секогаш информира доколку има нешто ново во врска со проблемот што Грција го има со нашето уставно име и оти во последно време нема некои новости што би ги споделиле со јавноста.
Потсети дека наближуваат Самитот во Софија и Европскиот совет и тоа, како што додаде, во најмала рака е обид барем до тие датуми да се изнајде решение.
- Верувам дека следниот викенд ќе може искрено и отворено со одредени алтернативи и креативни решенија кои што доаѓаат и од наша и од грчка страна да ги доближиме позициите, рече Заев.
Ново на Сител
-
Украина: Русија загуби над 900.000 војници од почетокот на инвазијата
-
Иран: Преговорите со САД се можни само ако некои работи се променат
-
Уапсени 17 лица кои не ја почитувале одлуката за седумдневна жалост
-
Контролирани 16 угостителски објекти, три се затворени - два во Тетово, еден во Гостивар
-
Претстои променливо облачно време со повремен дожд, од среда наместа поројни врнежи, грмежи и силен ветер
-
Силна експлозија уништи зграда во областа Монтеверде во Рим
-
Папата денеска се појавува во јавноста за прв пат откако беше хоспитализиран
-
Неправилности утврдени кај 11 правни и 10 физички лица кои вршат превоз на патници и стоки