-->
-->
Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
-->

Во текот на вчерашниот ден (27.04.2026) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Ш. (68) од Скопје, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години" по чл. 188 од КЗ, односно затоа што од 2023 година принудувал на сексуални односи малолетник од Скопје, а го злоупотребувал и за снимање видео материјал со порнографска содржина.
По обезбедување на целокупниот доказен материјал, од страна на Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти против С.Ш. поднесена е кривична пријава по итна постапка, а од страна на судија на претходна постапка на осомничениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за дрога
-

Законските измени за укинување на техничката влада на пленарна седница
-

Трамп: Кралот Чарлс Трети се согласува дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
-

Регионален форум за управување со отпад - „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“
-

Зеленски: Украина ќе извезува оружје
-

Сончево време со мала до умерена облачност
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
