Заев: Се прават консултации дали законот за државјанство може да се испрати во Парламентот со европско знаме

Премиерот Зоран Заев вели дека во моментов се во тек консултации дали има можност законското решение за државјанство да биде повлечено од Собранието и повторно да биде испратено, но, со европско знаме, доколку тоа е согласно одредени директиви и регулативи на Европската унија.
– Ако постои таква можност, иако е тоа предлог на Алијанса на Албанците и Алтернатива, ние немаме проблем, бидејќи го усогласивме заедно, да го пуштиме истото законско решение со европско знаменце. Но, во моментов се прават проверки, консултации со стручните служби. Со законодавство со СЕП, за да се види дали таму има точно прецизно јасно дефинирани европски директиви или регулативи, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по повод доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ-програмата.
Верувам, рече Заев, дека Парламентот на ваков или онаков начин ќе најде можност да гласа за ова законско решение без разлика на тоа што некој, од необјасниви причини, го блокира.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови
-

Октомври бил постуден и со повеќе врнежи од вообичаеното
-

Орбан: Унгарија нема да го спроведе миграцискиот пакт на ЕУ, нема да прифаќа мигранти
-

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров
-

Словенија: Илегалниот отпад е бизнис вреден милиони евра, полицијата формира посебен оддел за еколошки криминал
-

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита
-

Тројца загинати и 55 спасени мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос
-

Конференција „Западен Балкан 2030“: Дигитализацијата е клучот за соработка во регионот и за нејзината одржливост
