Заев: Правдата доаѓа!
Со донесувањето на Законот за Јавно обвинителство ставивме темел на неселективнта правда и казнивост за секој кој ја прекршил правдата. По денешното носење на Законот во Собранието, од седиштето на партијата се огласи лидерот на СДСМ Зоран Заев, најавувајќи дека правдата доаѓа и дека се преземени одлучни чекори кон силна и правна држава. Честитајќи им на пратениците за носењето на Законот, Заев посочи дека ова е историска победа врз криминалите на ВМРО ДПМНЕ. Со Законот, вели Заев, се обезбедува завршница на сите предмети почнати од згаснатото СЈО. Заев воедно ја повика и ЕУ да си го оствари ветувањето и да определи датум за почеток на преговори.
Лидерот на СДСМ ги повика сите правдољубиви граѓани утре пред Собранието да му се придружат на маршот кој ќе почне во 18 часот под мотото "Чекориме за правда".
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце