Заев: Пописот е најважна државничка работа, ни требаат податоците за населението за државата да не работи во матно
Одговарајќи на новинарско прашање за важноста од пописот и можноста од одложување на истиот, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, посочи дека преку инклузивен процес секогаш можат да се решат сите прашања и кога има простор да се постигне консензус.
Но, како што истакна тој, 20 години Македонија нема попис.
„Тука во Владата, на локално ниво, градоначалниците, сите јавни државни, локални претпријатија, сите приватни фирми, па и целиот наш народ, работиме во магла, во матно, не ги знаеме бројките. Не знаеме колку сме, каде сме распоредени, кои ни се индустриските параметри, кои ни се основните ресурси и каде тоа дава сериозни индикации за зголемување на економскиот раст на државата“, потенцираше премиерот Заев.
Како што рече премиерот Заев, пописот е статистичка операција и наша должност е да ја направиме.
„Предвиден е да се спроведе од 1-ви до 21-ви април и тој треба да се заврши. Уште еднаш ќе повторам. Лето никаде не се прави попис, септември е кампања, октомври се локални избори. Ако одлагаме за кога да одложиме. За мај? Тоа нема ништо да смени. Треба да се фокусираме сите одговорно да го завршиме пописот, а тоа е граѓанска обврска јасно утврдена со закон. Ако сме држава треба државнички да се однесуваме и државнички да се поставиме. Пописот е насушна потреба во интерес на сите граѓани“, заклучи премиерот Заев.
Ново на Сител
-

Предлог буџетот стигна во Собрание
-

Поради неажурноста на факултетите над 2.000 студенти од почетокот на месецот останаа без парите за оброк
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Мицкоски од Брисел: Ако ЕУ го толерира булингот на Бугарија кон Македонија, ваквите блокади ќе станат пракса
-

Се комплицираат дополнителните избори за четирите општини во кои немаше цензус
-

Постизборни реакции: Власта задоволна - опозицијата молчи
-

Истрагата за Пулс и партиските донации за изборната кампања во фокусот на октомврискиот извештај на Транспаренси интернешнл
