Заев: Новото законско решение за амбасадори, во иднина ќе ја штити дипломатската служба
Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека е предложено ново законско решение за амбасадори, што ќе ја штити дипломатската служба во иднина, давајќи предност на кариерните дипломати.
– Од 2017 досега 87,5 проценти од лицата кои се именувани за амбасадори се кариерни дипломати, 35 од нив се професионални, а само пет се политички решенија. За споредба во периодот 2006-2017 година, соодносот помеѓу професионалните и политичките решенија бил 42,3 отсто, или во реалноста 33 кариерни (седум вработени непосредно пред испраќање) и дури 45 политички решенија, напиша Заев на Фејсбук.
Премиерот натаму наведува дека во 2014 последните десет амбасадори кои биле испратени на мисија имаат вкупен стаж од 28 години во МНР, за разлика од последните десет амбасадори во 2019, кои имаат вкупен стаж од 214 години во МНР.
Владата на седницата што ја одржа во саботата, го прифати текстот на Предлог-законот за надворешни работи, што има за цел реформа на дипломатската служба во насока на нејзина целосна професионализација и приближување кон европските текови за современи дипломатски служби. Овој Предлог-закон прави разлика меѓу надлежностите и принципите на работа, како и правата и обврските од работниот однос на дипломатите и на административните службеници во Министерството.
Со новото законско решение се предлага бројот на шефовите на дипломатско конзуларните претставништва од кариерните дипломати да биде 80 отсто, а посебно внимание е посветено на структурата и раководењето со организационите единици во Министерството.
Ново на Сител
-
Студен бран со дожд и снег
-
Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника
-
МВР: Внимавајте телефонските измами се сѐ почести, не споделувајте лични податоци
-
Лидерот на „Преродба“ Костадинов бара припојување на Македонија и украинска област кон Бугарија
-
Европратеници побараa дебата за „злоупотребата на социјалните мрежи“ до страна на Илон Маск
-
Одложено е објавувањето на номинациите за Оскар поради разорните пожари во Лос Анџелес
-
Бројот на приговори за заштита на податоците не ја намалува нивната валидност, реши Европскиот суд на правдата
-
Девизните резерви надминаа пет милијарди евра