Заев: Ние не ги носиме гласачите во џеб
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев посочи дека на 17 октомври ќе одлучуваат граѓаните кои ќе ја избираат најдобрата понуда за нивната општина.
- Ова се избори каде одговорноста и одлуката е кај граѓаните не е кај политичарите. Ние не ги носиме гласачите во џеб, никој од нас. Одговорноста и одлуката на граѓаните доаѓа согласно нивниот впечаток на состојбите нивниот поглед кон кандидатите и нивната верба во иднина во својата општина во која ќе гласаат. Прво, политиките кои се етноцентристички, кои се контра мултиетничкото наше општество кои зборуваат за чиста Македонија е првата причина за која што око не ми трепнува дали некој ќе влезе во некоја коалиција. Јас ви тврдам денес, дека поддржувачите на Алијанса нема да гласаат за ВМРО - ДПМНЕ ниту пак подржувачите на ВМРО - ДПМНЕ ќе гласаат за Алијанса. Не заради тоа што мене тоа ми се допаѓа дека ќе имаат помалку гласови како опозициони партии тоа е израз на нивните политики.Кој како сака нека влегува во коалиција, на изборите одлучуваат граѓаните кои ја бараат најдобрата понуда, кои не сакаат кочења блокади и поделби, истакна Заев.
Ново на Сител
-

Во Тетово пронајдена мртва 25-годишна Косовка
-

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло во Чучер-Сандево
-

Ден на жалост во Федерацијата БиХ и Црна Гора по пожарот во Домот за стари лица во Тузла
-

Бројот на загинати при уривањето товарен авион во Кентаки се зголеми на 12 лица
-

Без вода ул. „Разловечко востание“ и „Невеска“ во Карпош
-

Потпишување договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на пругата со Бугарија
-

Администрацијата на Трамп досега поништи 80.000 неимигрантски визи
-

Работилница за изработка на новата стратегија за образование
