Заев: Ние, мажите не смееме да бидеме неми сведоци на насилството врз жените и девојчињата
Гласот и силата на мажите треба да бидат насочени кон искоренување на домашно насилство, сексуалното вознемирување, силување, присилен брак и сите други форми на родово базирано насилство, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
-Ние, мажите не смееме да бидеме неми сведоци на насилството врз жените и девојчињата! Нашите глас и сила треба да бидат насочени кон искоренување на домашно насилство, сексуалното вознемирување, силување, присилен брак и сите други форми на родово базирано насилство. Мажите треба и мора да направат повеќе! Мораме да го осудиме секое насилство сѐ додека не развиеме култура во којашто насилството врз жените и девојчињата е неприфатливо. Затоа како маж, син, сопруг, татко, колега велам: #MenMustDoMore, #MaжитеМораДаНаправатПовеќе!, објави премиерот Заев на ФБ.
Ново на Сител
-
Арачиново повторно под полициска опсада - Пронајдено автоматско оружје, пушки, муниција
-
Реформи во системот за кризи
-
Акција на МВР во Арачиново
-
СДСМ: Тошковски го пушти Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го осудат Груби
-
Кардиоваскуларни прегледи преку „Мој термин“ во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со Цаци Паковска - Стилисимо