-->
-->
Заев-Кнајсл: Интерес за нови австриски инвестиции во Македонија
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/march/134183897-171203.jpg?itok=RrgzTZ5J)
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се потенцирани добрите релации меѓу двете држави на политички и на економски план и е изразено заедничко уверување дека е отворен простор за продлабочување на билатералната соработката во сите области.
Кнајсл пренесе дека се забележани промени во државава во насока на надминување на финансиските ризици и создавање услови за фискална предвидливост, по политичката криза минатата година и оти постои мотив кај бизнис заедницата во Австрија, за нови инвестиции и отворање нови работни места во Македонија.
Посочи дека Австрија ги поддржува интеграциите на Македонија и на Западен Балкан во ЕУ и оти фокусот на претстојното австриско претседателство ќе биде кон исчекори на државите од регионот на овој пат. Нагласено е дека Австрија гледа на Западен Балкан како на дел од Европа и дека во таа насока важно е поврзувањето меѓу државите и реформите што ги прават.
- Македонија отвори ефикасен реформски процес за да го подобри квалитетот на живот на граѓаните применувајќи ги европските вредности и добрососедски политики, што го покажуваат постигнатиот Договор со Бугарија и разговорите што се водат на достоинствено ниво со Грција. Македонија и сите шест држави од Западен Балкан се посветени на меѓусебното поврзување и на пријателско решавање на билатералните прашања. Секоја од државите ја заслужува својата шанса на евроинтегративниот пат. Ја почитуваме многу поддршката од Република Австрија, којашто е еден од најголемите инвеститори во Македонија и во име на граѓаните на Република Македонија изразувам благодарност за поддршката што ја имаме во остварувањето на нашата стратешка цел, членство во ЕУ, рече премиерот Заев.
На состанокот беше нагласена добрата соработка меѓу полициските претставници посебно на границата за надминување на предизвиците од мигрантската криза. Исто така оценета е за позитивен чекор во развојот на меѓудржавната соработка и најавената интерпарламентарна соработка.
Заев, преку министерката за Европа, интеграции и надворешни работи на Австрија, упати покана за официјална посета на австрискиот канцелат Себастијан Курц на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер