ЗАЕВ: Имаме прва блокада од Бугарија, но има уште време за решение
Бугарија го прекрши членот 2 од Договорот за доборососедство и ја даде првата блокада за преговарачката рамка за Макеоднија во Европката унија, објави премиерот Зоран Заев. Ова се сличило на денешниот прв состанок на евроамбасадорите во Брисел. Но, Заев вели дека ова не значи и конечно вето од страна на официјална Софија бидејки следуваат уште два вакви состаноци, додека пак, министерскиот состанок на ЕУ (ГАК) е одложен од 10 за 17 ноември.
- Имаме време, ГАК е на 17 ноември, следуваат уште два состаноци, не е се изгубено. Следува и берлинскиот процес, се надевам дека ако бугарскиот премиер Борисов е во добро здравје ќе се видиме и ќе поразговараме на оваа тема, ако не ќе се видиме онлајн, Има и интензивна комуникација преку министерствата за надворешни работи и верувам дека ќе се изнајде креативно решение – рече Заев.
При тоа тој појасни дека од страна на Македонија не бил прекршена ни еднаодредба од Договорот за добрососедство, и нагласи дека нема да има никаков анкес на договорот.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Игокеа го назначи Перо Антиќ за амбасадор на клубот
-

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани
-

Словачка Амбасада: Од 17 март нов директен лет Братислава-Охрид, нов чекор напред кон зајакнување на билатералните односи
-

Од 14 до 16 март Кочани ќе ја одбележи првата годишнина од трагичниот пожар во „Пулс“
-

Трамп: Не знам доволно за нападот врз училиштето во Иран, истрагата е во тек
-

Претрес на поранешниот ранч на Џефри Епстин во Ново Мексико
-

Македонија со 17 кикбоксери на Светскиот куп во Италија – над 2400 борци од 46 држави
-

Перез донесе одлука за нов тренер на „кралскиот клуб“
