Од 14 до 16 март Кочани ќе ја одбележи првата годишнина од трагичниот пожар во „Пулс“

Општина Кочани ја објави програмата за одбележување на првата годишнина од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“. Планираните содржини имаат духовен и комеморативен карактер. Ќе бидат застапени и настани од културата. Програмата започнува на 14 - ти и ќе се одвива до 16 март на различни локации.
На 14 март ќе се одржи богослужба во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. Во 8 часот ќе има литургија за упокоените, а во 9,30 часот следува општ парастос. Во 10, 45 часот на Градските гробишта ќе биде одржан трикратен опело за жртвите од трагичниот пожар во „Пулс“.
На 15 март се предвидени повеќе спортски и културни активности. Во 9 часот е предвидена рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади лица. Во исто време ќе започне и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“, на релација на Пониква.
Истиот ден со почеток во 10 часот, во спортската сала кај Гимназијата во Кочани ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата.

Во ЦК „Бели мугри“, на 15 - ти во 13, 30 часот ќе биде прикажан музичко-балетски перформанс насловен „Кочани ви благодари“, по што следува концерт на Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“. Во 18 часот во еден од салоните на „Бели мугри“ ќе биде промовирана книгата „Ќе те има“ од Марина Стојчевска.
На 16 март е централното одбележување на кочанската трагедија. Во 02,15 часот пред објектот „Пулс“ ќе се одржи настанот „Светлина што останува“, а во 7 часот започнува трката „Св. Николе – Штип – Облешево – Кочани“.
Во Паркот на револуцијата во Кочани на 16 - ти во 8,45 часот ќе биде поставена симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, со муралот „Ѕид на сеќавање“, посветен на жртвите.
Во 9 часот е предвиден прием на гости и делегации во Општината, а во 10:00 часот е молитвата за упокоените.
Комеморацијата „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ ќе се одржи во 10,30 часот во ЦК „Бели мугри“, додека во 12,30 часот, според програмата, претстои отворањето на меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“
МИА
Ново на Сител
-

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Запленети пури во вредност од четири илјади евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
-

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст
-

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
