Македонија
1. October 2021 - 11:56

Заев: Форензичките извештаи очекувам да се објават поскоро за да се решат сите дилеми

„Јас знам дека форензичките извештаи и анализите на вештачењето се при крај и навистина очекувам да се објават. Ден поскоро, ден подобро, еве да ги решиме сите овие дилеми“ - ова го потенцираше премиерот Зоран Заев, денеска, одговорајќи на новинарското прашање во врска со тоа кога ќе донесе одлука со оставките на министерот за здравство Венко Филипче, и заменик-министерот за здравство.

Заев додаде дека животот продолжува и акко што кажа, политичарите се во кампања и се случуваат секојдневни активности.

„Ред е да се објави тој извештај, за да можам секако и јас, да го кажам својот став во врска со оставките на министерот за здравство и заменик-министерот“ - нагласи претседателот на Владата Заев.