Заев: Дали ќе стиснеме заби и ќе бидеме Европејци без да менуваме нешто од нашата историја зависи од нас

Јас, моите деца, моите родители сме учеле сето тоа што го учат сите во нашата земја а тоа е дека Втората светска војна е настаната под организација на нацистичка Германија и кон неа се има приклучено и тогашна нацистичка Бугарија и тука нема дилема историјата е јасна. Нацистичка Германија, нацистичка Јапонија, Италија како и нацистичка Бугарија алудира на времето кога тоа се случувало. Нема зошто да се алудира на обојување со фашизмот или нацизмот на цела една нација, истакна Заев на денешната прес-конференција.
-Сите го знаеме добро нашето минато, сите ние ги знаеме горчините, ги знаеме предавствата кои се случувале за време на фашизмот, но дали ќе стиснеме заби и ќе бидеме европејци без притоа нешто да изгубиме од нашата историја без нешто да менуваме од нашта историја туку ќе одиме со европскиот начин на општење и ќе дадаме шанса на идните генерации без да обвинуваме цели генерации на наследници зависи од сите нас. Ние сме тие што ги носиме одлуките и ние сме тие што одлучуваме како сакаме во иднина да живееме и како ќе ги креираме нашите патишта.
Заев нагласи дека не станува збор за никакво бришење на историјата и појасни дека никој не бара ниту споменик ниту окупатор да се тргне.
-Кога го гледаме споменикот којшто е симбол на тоа зло време кога фашизмот одзимал животи, убивал деца, силувал жени како фашизам останува да стои. Никој не го тргнува од споменикот. Дали подаваме рака кон сегашните генерации е суштината на наративот кој го користиме, вели Заев.
Премиерот потенцираше дека фашизмот има карактерна особина на поединецот, на групата, некогаш и на владите. Не може цели нации да се квалификуваат како фашистички.
-Зарем да се лутам на моите струмичани кои што едно македонско семејство па потоа и друго го предава нашиот народен херој Благој Јанков Мучето. Бегајќи на влезот во паркот е убиен од бугарски офицер. Неговото тело е влечено од влезот на паркот до Собранието по сегашното струмичко корзо. Пола од народот го има плукнато за да се удвара на окупаторот. Дали е тоа причина да тагуваме за нашето минато и дали ќе и дадеме шанса на иднината за да ја градиме како европска сакајќи да бидеме во Европа, рече Заев.
Нагласи дека уште нема никаков исчекор во односите со Бугарија и очекува се да се случува после нашите и изборите во Бугарија.
-Сакам сите да знаат дека институциите се тие кои ги носат одлуките и на крајот граѓаните се тие кои ги носат конечните одлуки, рече Заев.
Ново на Сител
-

Роналдо реагира на елиминацијата на Ал-Наср од Кралскиот куп
-

АБА 2: ТФТ Скопје ја совлада Војводина
-

Москва објави дека се пресретнати 100 украински дронови
-

Кривична против поранешен директор, заменик директор и вработени во АХВ за „проневера во службата“
-

Масакр во Ел Фашер, повеќе од 2.000 цивили егзекутирани во последните 48 часа
-

Трамп: Ништо нема да го загрози примирјето меѓу Израел и Хамас
-

Најстудено во Берово, најтопло во Охрид
-

Илјадници белграѓани пречекаа студенти од Нови Пазар кои пешачат кон Нови Сад на комеморативен собир в сабота
