Македонија
4. October 2019 - 18:39

Заев: Членството во НАТО е постигнување на историска цел

САД се докажан пријател и поддржувач на Северна Македонија. Денешната посета на државниот секретар Мајк Помпео е силен сигнал за поддршката на САД за нашата земја, за нашите евроатлантски интеграции и потврда дека продолжуваме да ја продлабочуваме соработка, истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес – конференција во Охрид со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

– Северна Македонија е посветен стратешки партнер на САД. Американскиот народ е пријател на македонскиот народ, и на сите народи кои живеат во нашата земја.Имамаме политички и историски причини да го одржување и зајакнуваме нашето пријателство. Дел од нив се нашите заеднички заложби и вредности за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот и заеднички активности во борбата против тероризмот и другите закани за мирот ширум светот. Подготвени сме со уште поисилно темпо да учествуваме во сите глобалните иницијативи  кои се конфронтираат на дезинформациите и заканите по демократијата – рече Заев.

Тој нагласи дека со очекуваното полноправно членство во НАТО, нашиот придонес во таа насока ќе добие силен поттик и нова димензија.

 

– Членството во НАТО е наша суверена одлука за која има силна надпартиска одлука и меѓуетнички консензус. Тоа е за нас постигнување на една историска цел. Голема придобивка не само за нашата земја туку и за зајакнување на слободата и демократскиот просперитет на целиот регио – истакна Заев.

Тој посочи дека досега протоколот за членство во НАТО го ратификуваа 22 земји членки и со оптимизам очекуваме полноправно членство во Алијансата во блиска иднина.

– Сакам да се заблагодарм на САД за недвосмислената поддршка за нашето членство во НАТО и за брзо очекуваната добра вест дека протоколот ќе се ратификува и во САД. Во меѓувреме целосно сме подготвени да ги прифатиме обврските од нашето членство. Имаме силна политичка волја Буџетот за одбарна да биде 2 отсто од БДП и тоа не подоцна од 2024 година, ако не и порано. Тие средства ќе се употребат за модернизација на нашата Армија и за зајакнување на нашите капацитети и можности за придонесување во НАТО – рече Заев.

За време на средбата тој го информирал Помпео за спроведените реформи во насока на зајакнување на демократските вредности, институции и правната држава, подобрената слобода на медиумите и развивањето инклузивен процес при носењето на одлуките како дел од градењето едно општество за сите. Воедно, нагласил дека Северна Македонија е уникатна земја во регионот затоа што нема отворени билатерални прашања со ниту еден свој сосед и оти за дестина деба очекува и одлука за старт на преговрите со ЕУ.

– Договорите со Бугарија и Грција беа историски одлуки и пресудни чекори за остварување на нашите стратешки цели – членството во НАТО и во ЕУ. За десетина дена ја очекуваме долго очекуваната вест од Брисел – отворање на преговорите за членство во ЕУ. Верувам дека добрата вест од Брисел ќе влијае позитивно на целиот регион, ќе биде испратена пораката дека Западниот Балкан е интрегрален дел од Европа. Ќе биде награден напредокот на реформите и решавање на тешките проблеми. Тоа ќе ги охрабри другите земји да покажат политичка храброст за надминување на останатите проблеми – рече Заев.

Според него, добрите вести за почеток на преговорите со ЕУ и за членство во НАТО се силна порака и за младите во нашата земја да останат тука.

– Сакам да нагласам дека стабилен балкански регион е од интерес на ЕУ, геополитички, безбедносно и економски. И во овој контекст оваа посета и охрабрување САД е од огромно значење за нас – истакна премиерот Заев.

Пред билатералните разговори, Заев и Помпео имаа и тет-а-тет средба. Помпео во рамки на еднодневната официјална посета на нашата земја, претходно се сретна и со претседателот Стево Пендаровски.