Задолжителна вакцинација за државните службеници во Малезија
– Малезиските владини службеници мора да бидат целосно вакцинирани против коронавирусот, во спротивно, тие се соочуваат со отказ, според новите правила, објавени денеска на веб-страницата на владата.
„Согласно владина наредба, сите владини службеници се лично одговорни за својата целосна вакцинација против коронавирусот. Ова е неопходно за да се обезбедат безбедни услови за работа и да се обезбедат услуги. Од 1 ноември вработените кои нема да ги почитуваат упатствата ќе подлежат на дисциплински мерки, вклучително и престанок на работен однос“, се вели во соопштението.
Доколку работникот не може да се вакцинира од медицински причини, мора да добие лекарско уверение од одредени институции.
Според последните податоци, 98 отсто од државните службеници во Малезија се вакцинирани. Степенот на имунизација на полнолетните граѓани достигна 95 проценти. Министерството за здравство спроведува и кампања за вакцинација на малолетните лица, со цел наскоро да бидат имунизирани против Ковид 60 отсто од децата на возраст меѓу 12 и 17 години.
Ново на Сител
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?