Забрана за сообраќај на патот Р1106 Македонски Брод - Скопје поради пожарот во Јасен
Поради пожарот во националниот Парк Јасен, продолжува забраната за сообраќај на регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје. Патот е затворен е за секаков вид на возила, соопштија од Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини но од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Автомотосојузот потсетува дека до 31 август на државните патишта во Македонија во сила е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17 – 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22 часот.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
МИА
Ново на Сител
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе го добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД