Забавениот економски развој и порастот на цените на храната го зголемија бројот на сиромашните во Индонезија
На крајот на минатата година во Индонезија биле регистрирани 28,5 милиони сиромашни жители, што е 11,13 посто од вкупниот број на населението. Статистиката говори дека на големиот архипелаг бројот на сиромашните за една година се зголемил за над 2 милиони жители.
По добивањето на овие податоци претседателот на Индонезија Јоко Видодо денеска свика вонреден состанок на кабинетот и институциите што се задолжени за економскиот развој и социјалниот статус на населението на кој министерствата и институциите добија конкретни задолжение за борба со сиромаштијата.
Бројот на сирможните Индонежани е во пораст како последица на забавениот економски развој, но и на големиот пораст на цените на храната во оваа 256 милионска држава. Со пораст на БДП од 6 до 8 посто од 2.008 до 2.014 година Индонезија беше меѓу водечките земји во регионот, но лани економијата оствари пораст под 5 проценти.
Цените на основните прехранбени производи, меѓу кои се најважни оризот, зеленчуците и млекото во Индонезија за една и пол година се зголемени речиси двојно.
Ударот на цените го чувствуваат и тие што се вработени во сервиисите за помош и обезбедување во компаниите и куќите. Таа категорија има најголемо учество во групата сиромашни, кои во градовите се 8 посто од вкупното население.
Поголем удар од сиромаштијата чувствуваат жителите на помалите населби чиј основен приход се обезбедува од земјоделие. Сушата, што дојде како последица на феноменот Ел Нињо и пожарите во кои лани настрадаа над милион хектари плодно земјиште биле причина над 14 посто од руралното население да нема доволно приходи за живот.
Меѓу првите мерки за надминување на сиромаштијата се воведувањето и итна дистрибуција на карти за социјална помош и карти за бесплатни лекарски прегледи. До крајот на април властите ќе започнат со спроведување на акцијата „ храна за сите во селата ’’, а за спроведување и надгледување на оваа програма се задолжени челниците на неколку министерства.
Ново на Сител
-
Каква е безбедносната состојба во Македонија?
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, Претседател на движењето ЗНАМ
-
МВР ја објави кривичната пријава, Ковачевски осомничен за злоупотреба на 140.000 евра
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
Политички рекации
-
Ѓурчевски: Во МВР отсекогаш постоеле „кртови“, но денеска е полесно да се пронајдат
-
Таткото на починатото седуммесечно бебе: Го чуваш, го негуваш и за пет дена веќе го нема!
-
Бугарија со предупредување до ЕУ: Прво уставни измени, па интеграција на Македонија