За Турција и Сирија најпотребни се парични донации, како и зимска облека, шатори, душеци, ќебиња
Општина Тетово упати повик до граѓаните кои сакаат да донираат со насоки за кој вид на донации се најпотребни за подрачјата погодени од земјотресот во Турција и Сирија. Листата е утврдена со договор на општината со Амбасадата на Турција, како и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и Црвениот крст.
Засега најпотребни се финансиски средства. Исто така, утврдена е и листа на барани материјали, а како најпотребни барани материјални средства од страна на настраданите, приоритет имаат: шатори, ќебиња и греалки. Од зимска облека потребни се јакни, мантили за дожд, чизми, џемпери, панталони, капи. Друг вид материјали покрај шатори, ќебиња и греалки, потребни се и кревети, душеци, вреќи за спиење, конзервирана храна, детска храна, детски пелени, средства за чистење и хигиена, се вели во соопштението на Општина Тетово.
Во Тетово граѓаните може да ги остават донациите на градскиот плоштад и спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од 10 до 18 часот како два собирни пунктови.
-Апелираме до сите кои имаат можност, да ја покажат својата хуманост и да донираат за турскиот и сирискиот народ. Сега им требаме на Турција и Сирија. Да се солидаризираме и да помогнеме што поскоро да се надминат овие тешки денови, потенцираат од Општина Тетово.
Отворена е и жиро-сметка на која граѓаните на Северна Македонија и дијаспората можат да помогнат со финансиски средства. Воедно Општина Тетово ќе одвои еден милион денари помош за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија.
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
