Македонија
7. March 2025 - 19:41

За реализација на едносменска настава ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина

Едносменска настава е воведена во ОУ Димитар Поп Георгиев во Ѓорче Петров. Проектот кој го најави министерката за да се реализира до крај во сите основни училишта ќе бидат  потребни уште 8 милиони евра. 

За наставниците да не останат без работа онаму каде што со едносменската настава ќе се појави вишок на кадар,  ќе бидат прераспределени во други училишта во најблиската околина. 

До сега едносменската настава се одвива во 150 училишта.