ОН: За помалку од еден месец во источниот дел на Алепо убиени се 400 лица и скоро 2.000 се ранети
Околу 400 лица загинаа и речиси 2.000 се ранети за помалку од еден месец при нападите во источниот дел на Алепо, кој е под контрола на бунтовниците, изјави вчера заменик-генералениот секретар на ОН, Стивен О’Брајан на седницата на Советот за безбедност, јави ТАСС.
О`Брајан истакна дека бомбардирањата во Алепо месецов биле најинтензивни, од почетокот на конфликотот во Сирија во 2011 година.
- Минатата недела, во која стапи во сила прекинот на огнот, ОН заедно со Сирискиот црвен крст, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и ред сириски невладини организаци, направија план за евакуација на ранети и болни лица и нивните семејства од источниот дел на Алепо, објасни О’Брајан.
- И покрај тешките преговори со страните во конфликотот, ОН и партнерите беа подготвени да започнат операција на 23 октомври, но тие планови беа осуетени поради спротивставувањето на две вооружени групи „Ахрах аш Шам“ и „Нуредин ал Зенги“, додаде заменик-генералениот секретар на ОН.
Ново на Сител
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар