За оние кои ќе одат на одмор во Грција: Каква храна и пијалоци смеете да внесете кај јужниот сосед

Според официјалните прописи, во Грција не е дозволен внес на месо, млеко и млечни производи од земји кои не се членки на Европска унија, а дозволено е со себе да понесете до два килограми млеко во прав за бебе или храна за бебе, храна за посебни потреби, како и до два килограми храна за миленичиња.
Кога станува збор за овошје и зеленчук, можете да внесете до пет килограми. Што се однесува до внесот на алкохол, лицата постари од 17 години во личниот багаж можат да пренесеат по литар алкохолен пијалак со удел на алкохол од 22 отсто или помалку, четири литра вино и 12 литра пиво.
Оние кои во Грција патуваат преку патишта можат со себе да понесат 40 цигари, додека за патниците во воздушниот и поморскиот сообраќај дозволено е пет пати повеќе.
Кога станува збор за пари, неопходна е пријава доколку со себе носите готовина во износ од 10.000 евра или повеќе.
Ново на Сител
-

Села го напушти Ахмети – пратениците ќе делувале како независни
-

Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по обилните дождови во Македонија
-

Се излеа хемиска пена на булеварот во Автокоманда, Ѓорѓиевски соопшти дека го пронашле сторителот
-

Љубојно 100 дена со протести се спротиставува на сечата
-

Преглед на вестите од светот
-

35 лица седнуваат во судница, почнува судењето за пожарот во Kочани
-

ВМРО-ДПМНЕ бара реформирање во судството
-

Зголемен водостојот на Вардар и Радика, УХМР апелира на внимателност
