За новороденче пет илјади денари од Општина Кратово
Локалната самоуправа на Општина Кратово од оваа година ќе исплаќа по 5000 денари за секое новороденче како поддршка на семејствата со принова.
-Во Буџетот на општината за тековната година предвидовме поддршка на семејствата што се однесува на секое новороденче. Од почетокот на овој месец секое семејство кое ќе добие принова ќе добие еднократна парична помош од пет илјади денари. Потребните документи за аплицирање се наведени во барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за новородено дете на територијата на Општина Кратово, информира службата за комуникација со јавност на Општина Кратово.
Барањето за остварување на ова право може да се подигне од архивата на општината или од веб-страницата на Општина Кратово на следниот линк: Барање за остварување на правото на еднократна парична помош за новородено дете.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам