-->
-->
За матурантите денеска ќе бидат објавени прашањата за екстерното
-->
Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска ќе ги објави прашањата за екстерно тестирање за учениците од завршните години на средното образование, на веб-страницатаwww.prasanjaeksterno.dic.edu.mk.
- Објавениот базен со прашања ќе содржи повеќе од 85.000 прашања. Базата е освежена со 20 проценти нови прашања. Во следните две недели, поточно до 8 јануари 2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно коригирани, соопшти Државниот испитен центар.
ДИЦ ги повика сите засегнати страни (ученици, професори, родители) да се вклучат во проверка на прашањата за да се прочисти и да се подобри квалитетот на базата на прашања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро
-
Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
-
Запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски Чомбе, вели немал закани, ниту непријатели
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025
-
Статистиката измери инфлација од 4,4% во август
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички