За една недела од Алепо побегнале 35.000 лица
Од почетокот на офанзивата на сириските владини сили против бунтовниците во Алепо, пред една недела, реонот на овој град во северна Сирија го напуштиле околу 35.000 лица, соопшти денеска Агенцијата на ОН за координација на хуманитарните активности.
Портпаролката на Агенцијата, Ванеса Хагинин соопшти дека бегалците во најголем број потекнуваат од југозападните предградија на Алепо, Хадера и Зербаха.
Според неа, мнозинството од овие лице побегнале во западните делови на провницијата Алепо, кои се под контрола на бунтовниците, каде се сместени во провизорни кампови.
- Итно им се потребни храна и основни намирници. Времето станува се постудено, особено во ноќните часови, додаде Хагинин.
Сириските владини сили, кои според западните медиуми имаат воздушна поддршка од руски авиони, на 17 октомври почнаа обемна офанзива против бунтовниците во реонот на Алепо. Се претпоставува дека главна цел на владините сили е да преземат контрола врз населените места долж стратешки важниот автопат Алепо-Дамаск.
Според податоците на ОН, од почетокот на конфликтот во Сирија во пролетта 2011 година, па досега, загинаа над 250.000 илјади лица, а неколку милиони ги напуштија своите домови.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите