За една година САД потрошиле рекордни 17,9 милијарди долари за воена помош за Израел
САД потрошиле рекордни 17,9 милијарди долари за воена помош за Израел од почетокот на војната во Газа пред една година и ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, се вели во извештајот за проектот на Универзитетот Браун наречен „Трошоци на војната“.
Извештајот беше објавен денеска, на годишнината од терористичкиот напад на палестинскиот Хамас од Газа во јужен Израел.
Дополнителни 4,86 милијарди долари се потрошени за зголемени американски воени операции во регионот од нападот на 7 октомври 2023 година, велат истражувачите.
Најголем дел од американското оружје испорачано во текот на изминатата година се артилериски гранати, наведувани бомби и т. н. уништувачи на бункери од 900 килограми и муниција.
Според извештајот, четири милијарди долари се потрошени за реставрација на противракетните системи „Железна купола“ и „Давидова прачка“, за пушки и гориво за авиони.
САД јавно објавуваат податоци за воената помош за Украина, но невозможно е да се дознаат сите детали за испораките на Израел, така што 17,9 милијарди долари, по голема веројатност, не се единствениот трошок.
Како причина се наведуваат напорите на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден да ги скрие информациите за висината на помошта.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот