За два дена пријавени три напади врз полициски службеници
Продолжува агресивното однесување кон полициските службеници ширум земјава. За два дена пријавени 3 физички напади и агресивно однесување кон полициски службеници.
На 27.10.2020 околу 22.00 часот на клучка Матка од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен М.М.(48) од с.Семениште, скопско, бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале работни задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.10.2020 во 17.10 часот на подрачје на Аеродром бил лишен од слобода Д.К.(39) од Скопје, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник. Против него ќе следи соодветен поднесок.
На 28.10.2020 во 01.45 часот на раскрсница на пат од с.Орешани со с.Таор, скопско, од полициски службеници од СВР Скопје биле приведени С.Д.(25) од с.Таор и С.Г.(22) од с.Орешани, бидејќи физички нападнале полициски службеници кои извршувале работни задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Против сите лица кои се однесувале агресивно и извршиле обид за физичко насилство врз полициските службеници ќе се поднесат поднесоци.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор