За десетина проценти повеќе сообраќајни прекршоци во 2022 во споредба со 2021 година
Статистичките податоци на СВР Тетово покажуваат дека за десетина проценти повеќе сообраќајни прекршоци се направени од страна на возачите во споредба на 2022 и 2021 година.
На поширокото тетовско-гостиварско подрачје минатата 2022 година вкупно биле откриени и соодветно санкционирани 26.695 различни видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-20.721 и ГВ-5974) или над 2300 повеќе во споредба со претходната година.
-Најчест прекршок санкциониран лани бил пребрзо возење (3893), односно неприлагодена брзина според условите на патот (ТЕ-2768 и ГВ-1125), а што всушност била и најчестата причина за минатогодишните сообраќајни несреќи и посебно на несреќите со потешки последици. Лани во овој регион регистрирани се за четири (4) проценти помалку сообраќајни несреќи од 2022 година, односно 1161 (ТЕ-805 и ГВ-356), најмногу само со причинета материјална штета, а во кои животот го изгубиле 14 лица (ТЕ-8 и ГВ-4).Намален, исто така, е и бројот на несреќите со повредени лица, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Поради констатирани прекршоци во овој период од сообраќај биле исклучени 3893 возачи (ТЕ-2921 и ГВ-972) и 1562 возила (ТЕ-1084 и ГВ-478), а времено се одземени 1418 возачки дозволи (ТЕ-1170 и ГВ-248).
Ново на Сител
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни