За десет месеци ја преполовил тежината и си го спасил животот

Американецот Рајан Кларк (24) пред нецела година имал 175 килограми, бил несреќен, анксиозен и депресивен поради тежината, а физичкото здравје му било сериозно нарушено. Но, денес, по неверојатната трансформација, тој нема ништо од тоа и се чивствува одлично.
Лекарите му рекле дека ако не промени нешто во животот ќе живее најмногу до 30-тата годна, пишува „БазФид.
Рајан за десет месеци станал нова личност. Целосно се посветил на здравиот живот, одел во вежбална двапати дневно и од темел ги смени прехранбените навики. Тој ослабел 83 килограми и станал непрепознатлив.

Но, морал да донесе и некои тешки одлуки. Тој ги променил пријателите, затоа што сакал да најде луѓе кои ќе го мотивираат и поддржат во неговиот нов живот. Неговата сопруга Алиша вели дека токму новите пријателите имаат голема заслуга за неговиот успех.
И денес живее здрав живот, иако не толку екстремно. Наутро трча, а навечер крева тегови. Болката во градите исчезнала, а од депресијата и анксиозноста повеќе нема ни трага.

Преку социјалните мрежи Рајан сака да ги мотивира и другите да тргнат по неговиот пат, бедејќи како што вели, ако успеал тој, може да успее секој.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
-

Саем за храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
-

Се поскапо седнувањето во ресторани
