За Божиќ литургија на македонски јазик и во Норвешка
Прва црковна литургија на македонски јазик по повод Божиќните празници ќе се одржи и во Норвешка за македонската дијаспора таму. Литургијата е во организација на македонската амбасада, Инцијативниот одбор за оживување на македонската дијспоара во Крлаството Норвешка и МПЦ-ОА.
- Литургијата ке се одржи на 06.01.2023г. од 18.00 – 19.00 часот и на 07.01.2023г. од 09.00-12.00 часот во Misjonskirken Majorstua, на улица Slemdalsveien 1, 0369 Осло. Амбасадата ги поканува сите претставници на македонската дијаспора во Кралсвото Норвешка да присуствуваат на Светата литургија – информира амбсадорот Дритон Куќи.
Куќи во соработка со еминентни лица од македонско потекло, како професори на стоматолшкиот и медицинскиот факултет во Ослов, кардиолози, доктори, бизнисмени, доктори по економски науки, македонисти, кои се високо профилирани и ценети во норвешкото општество, пред неколку недели го формира Инцијативниот одбор за да се оживее и да с еорганизира македонската дијаспора.
Освен литургијата на македонски јазик, следна задача на македонската амбасада во Кралството Норвешка и Одборот е и отворање на македонска православна цкрва и училиште за македонски јазик, за што обезбедени се 45 буквари.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски