Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
Судиите ја добија Македонија. Поразени од Холандија со три црвени картони и дури 13 пенали.
Ако ја прашате македонската фаланга , Македонија се љуби и кога победува ама и кога губи.
Атмосферата за загревање од автобусите полни до последно место се пренесе и во фан зоната каде што македонците се загреваа за мечот на денот.
За жал оваа прекрасна атмосфера, ако ја прашате македонската публика ја расипаа данските судии, кои целиот ден од славје го претворија во пекол. Нивниот резултат беше три црвени картони за Македонија и 12 пенали за Холандија.
Крајот уште полош. Расплакани деца на кои насилно им беа повторно одземани поранешните државни знамиња и скандирање ИХФ мафија.
Што би рекол Кире Лазаров: Ова личеше на се, само не на Светско првенство.
Но Фалангата вели Главата горе - Македонија оди понатаму. И тоа в недела против Гвинеја. Она што е сигурно македонските навивачи се атракција и на ова светско првенство.
Ќе ја бодрат својата татковина до крај. Затоа што Македонија се љуби и кога победува и кога губи, па дури и кога е неправеден пораз.
Кирил Стојанов и Александар Блажевски
-
Кирил Стојанов
Сите содржини од овој новинар