-->
-->
За 570 првачиња од општина Центар почна учебната година
-->
Денеска е првиот училишен ден за 570 деца од Центар кои станаа првачиња во седум основни општински училишта.
Посакувајќи им успешна прва училишна година, градоначалникот Андреј Жерновски рече дека влегуваат во период кој ќе го паметат цел живот.
- Општина Центар и оваа година го продолжува проектот со кој на родителите им помага во растоварување на домашниот буџет. Наместо тие, општината ќе ги плати средствата за обезбедувањето, за хигиенски средства и за еднодневна екскурзија. Со ова полесно и заедно ќе ги пребродиме овие времиња, рече Жерновски.
На првачињата им подели и училишен прибор-подарок од општината.
Од општина Центар информираат дека бројот на првачиња во Центар во споредба со бројот од пред три години е зголемен за 75 деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари