Македонија
22. May 2024 - 10:03

Одбележување на денот на семејството, НТЦ семинар со д-р Ранко Рајовиќ

Подигнување на свеста за вредностите кои се негуваат и развиваат во рамки на семејството и потсетување на значењето на семејните вредности меѓу вработените, но и во пошироката заедницата, беше мотивот за Битолска млекара на уникатен начин да го одбележи Меѓународниот ден на семејството, 15ти мај. Со семинар од познатиот експерт за детски развој д-р Ранко Рајовиќ, а наменет за своите вработени и стручните лица од битолските образовни институции. 

Поаѓајќи од значењето на семејството и како семејните вредности се рефлектираат во општественото живеење, компанијата вложи во своите вработени кои се родители, но и во стручните лица од заедницата, организирајќи семинар со познатиот експерт за детски развој д-р Ранко Рајовиќ. Пред вработените-родители и воспитувачи, психолози, педагози и дефектолози од локалните образовни институции, беше претставен познатиот систем за учење NTC (Никола Тесла Центар) на д-р Рајовиќ. 

Семинарот опфати низа теми, вклучувајќи го развој на мозокот, рана стимулација, креативно учење, логично размислување и практична примена на методологијата NTC. Учесниците имаа можност да стекнат вредни сознанија, да разменуваат идеи и да се вмрежат.

„Точно пред 30 години, започна со одбележување Меѓународниот ден на семејството од страна на Обединетите нации. Секој 15ти мај,  ја славиме основната улога на семејството во нашето општество. Одбележувањето на овој ден треба да ја подигне свеста за значењето на вредностите кои се негуваат и развиваат во рамки на семејството и како тие потоа се рефлектираат на општественото живеење. Во таа насока, Меѓународниот ден на семејството оваа година има за цел да ја подигне свеста на родителите за образованието и воспитувањето на децата и нивната благосостојба, но и да го потенцира значењето за воспоставување баланс помеѓу работата на родителите и нивната семејна улога. 

Прифаќајќи ги иновативните пристапи во образованието, ние вложуваме во нашите вработени кои се родители, но и во воспитувачите од заедницата, за да создадат средини кои го негуваат потенцијалот на новите генерации.

Здружувајќи ги родителите и воспитувачите, со овој семинар дадовме можност за едукација и развој на вработените и младите, за пренесување на знаење и вредности и на тој начин активно учествуваме во создавање здрава, едуцирана и одговорна младина. Низ презентација на методите на НТЦ учењето, беше поттикната соработка и споделување знаење за доброто на целата заедница. Инвестирањето во образованието и развојот на децата е клучно за градење посветла иднина. Со здружување на родителите од компанијата и воспитувачите, се надеваме дека ќе поттикнеме соработка и споделување знаење за доброто на нашата заедница.

Овде во БИМИЛК ја споделуваме страста на д-р Рајовиќ за подобрување на образованието уште од првите чекори. Неговата посета на Битола ја истакнува нашата посветеност за усвојување на врвни практики кои го поддржуваат когнитивниот развој на младите умови. Возбудени сме што имавме толку истакната фигура меѓу нас, чија работа толку блиску се усогласува со нашите вредности за негување на потенцијалот кај секое дете, на нашите вработени“, велат од Битолска млекара за ефектите од организирање на еден ваков семинар.

Д-р Рајовиќ го потенцира значењето на играта како внатрешен нагон на детето кој е клучен елемент на програмата NTC, којашто стимулира сложени моторни активности, фини моторни вештини и когнитивен развој. Пред присутните беа презентирани иновативни техники, демонстрирани заеднички активности и игри, дизајнирани да го оптимизираат развојот на детскиот потенцијал за време на клучниот период од раѓање до околу десеттата година. 

Семинарот со д-р Рајовиќ и промовирање на семејството како суштинска вредност, е дел од проектите кои Бимилк ги создава под платформата „Растеме заедно“ и континуирано ќе продолжи да едуцира, инвестира и вложува во развој за подобра иднина на младите. 

 

Комерцијален текст