Вулкан во Етиопија еруптира по 10.000 години, пепел се издигна до 15 километри во височина

Вулканот Хаили Губи во североисточна Етиопија еруптираше по повеќе од 10.000 години мирување, при што силната експлозија исфрли облак пепел на височина до околу 15 километри, соопшти ВулканоДисковери (VolcanoDiscovery).
Според порталот, значајната нова ерупција започнала во саботата на еден од помалку познатите вулкани во планинскиот венец Ерта Але, во регионот Данакил. Вулканот Хаили Губи, сместен околу 15 километри југоисточно од континуирано активниот и познат вулкан Ерта Але, експлозивно еруптирал, создавајќи голем облак пепел кој се издигнал до 15 километри и се проширил над делови од југозападниот дел на Арапскиот Полуостров.
Сателитските снимки покажаа дека ерупцијата ослободила облак сулфур-диоксид (SO₂).
ВулканоДисковери наведува дека засега нема повеќе детали бидејќи областа е тешко пристапна и оддалечена од населени места, а главен извор на информации се сателитските податоци.
Етиопската телевизија FMC ја потврди вулканската активност во регионот Ерта Але. Според очевидци, експлозијата што ја придружувала ерупцијата била невообичаено силна – и по интензитет и по звук.
MИА
Ново на Сител
-

Исени: Безбедноста е темел на Националната развојна стратегија, безбедно и отпорно општество е предуслов за развој на државата
-

Бензините поевтини за половина денар, дизелот поскап за исто толку
-

Уште еден пријавен случај на силување на малолетничка, овој пат во Скопје
-

Власта денеска поднесе иницијатива за Анкетна комисија за досегашните трагедии
-

Ученичка нападната во тетовско основно училиште
-

Пронајдена дрога кај осуденик од Идризово кој се вратил од викенд отсуство
-

Гаши им ја врати Анкетнатa за Кочани на СДСМ и Левица
-

Едногодишно бебе почина во кичевската болница
