Вучиќ: Загржен сум за се она што следи утре по конституивните седници во Северна Митровица
Српкиот претседател Александар Вучиќ изрази загриженост по најавата за утрешните конститутивните седници во Северна Митровица, согласно изборите кои беа бојкотирани од Србите на Косово, јави допсиникот на МИА од Белград.
Запрашан за ситуацијата на северот на Косово, тој изјави дека утре во Северна Митровица ќе се одржат конститутивни седници за три општини, „за да изберат лажни градоначалници за тие општини, што го поддржаа земјите од Квинта, на најлажните избори.“
„Вчера разговарав со Дерек Шоле, Габриел Ескобар и Кристофер Хил. Ситуацијата на северот на Косово е многу тешка. Барам од Србите да го сочуваат мирот, рече тој и додаде дека „се прави атмосфера со која србите би ги напуштиле своите домови“.
Како што рече, може да порача дека „ние ќе бидеме со нив, ќе се бориме заедно за нашиот народ за да опстане.
„Загрижен сум и за утрешниот ден и за сето она што следува после тој утрешен ден“, изјави Вучиќ.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања