-->
-->
Вучиќ, Заев и Рама на видеоконференција ќе разговараат за „Малиот Шенген“
-->
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, денеска на видеоконференција ќе разговараат за унапредување на односите во рамките на регионалната иницијатива „Мал Шенген“.
Вучиќ на прес-конференцијата на 24 јуни изјави дека очекува на состанокот да бидат донесени конечни одлуки за заедничко дејствување против природните катастрофи и за побрз проток на добра, луѓе и капитал.
– За нас е од големо значење системот на работни дозволи, каде оној што ќе добие работна дозвола на територијата на една од трите земји ќе има работна дозвола во сите три земји. Со ова ќе се обезбеди повеќе работна сила во Србија која недостасува, рече Вучиќ.
Иницијативата „Мал Шенген“, која во моментов ги вклучува Србија, Албанија и Северна Македонија, беше иницирана во Нови Сад во 2019 година од трите земји како проект за подобрување на економијата и регионалната соработка.
Идејата на трите земји од Западен Балкан е да создадат единствен пазар со цел да се забрза нивниот економски развој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборни активности на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-
Ветувања за подобар живот во општините добија граѓаните од кандидатите
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина