Вучиќ во Скопје: Верувам дека ќе ги отстраниме шумовите во односите меѓу двете земји
Српскиот претседател Александар Вучиќ, по инаугурацијата на новиот претседател на Северна Македонија Стево Пендаровски, изјави дека верува оти двете земји ќе ги отстранат шумовите кои постојат во претходниот период.
Тој пред новинарите истакна дека оваа година ќе испрати и официјална покана до Пендаровски да го посети Белград.
На прашањето дали ќе бидат отстранети шумовите во врските меѓу двете земји од периодот кога во Северна Македонија бил обвинувана Србија дека учествувала во обид за државен удар, Вучиќ истакна дека не е проблем кога постојат шумови, туку е важно двата народа да се почитуваат и сакаат.
– Ќе се обидеме и тие шумови да ги отстраниме. Верувам дека имаме доволно капацитет за тоа. Верувам дека таква желба постои и во Скопје, нагласи српскиот претседател.
Тој додаде дека е многу важна добрата политичка и економска соработка, како и растот на трговската размена меѓу Белград и Скопје, изразувајќи надеж дека така ќе продолжи и во иднина.
– Моето доаѓање тука е симболична потврда дека сакаме да градиме уште подобри односи и мостови на пријателство меѓу Србија и Северна Македонија и меѓу нашите народи, истакна Вучиќ по инаугурацијата на Пендаровски.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни пожарите кај селата Русиново и Никуштак, четири ставени под контрола
-
Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани
-
Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија
-
Лазаров: Разочаран сум од толку промашувања
-
Захарова: Европските лидери што го поддржуваат Киев се „мутирани џуџиња“
-
Собири против блокадите закажани за денеска во над 100 градови низ Србија
-
Повеќе од 425 лица уапсени на протест во Лондон во поддршка на забранета пропалестинска група
-
Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола